Новиот тип на коронавирус, SARS-CoV-2 од некоја, нам непозната причина, ги убива само старите лица. Децата, за среќа се поштедени. Ако сфатиме зошто тоа е така, можеби ќе добиеме дополнително оружје во борбата со епидемијата која веќе го зафати целиот свет.

Во Кина, како што објави „Вашингтон пост“, само 2,4 проценти од заболените со КОВИД-19 се деца, а 0,2 проценти се случаи на деца, кои биле во критична состојба. Светската здравствена организација (СЗО) објави дека Кина не пријавила ниту еден смртен случај кај деца.

Во меѓувреме, новиот тип на коронавирус сериозно е смртоносен за другата страна на „возрасниот спектар“. Смртноста за луѓе над 80 години во Кина, е 21,9 проценти. Ова значи дека новиот вид коронавирус се однесува различно од другите вируси, како што е сезонскиот грип, којшто е подеднакво опасен и за многу старите, но и за многу младите луѓе.

“Кога имаме вакви респираторни инфекции, воглавно ја гледаме т.н. „U (конвексна крива), односно кого погодува најмногу. Малите деца сè на едниот крај, бидејќи нивниот имунолошки систем сè уште не е развиен, а старите лица на другиот крај, чиј имунолошки систем е прилично слаб. Со овој вирус, едната страна на „U кривата, едноставно ја нема“, вели Винеет Менахери, виролог од Универзитетот во Тексас.

Кога ќе сфатиме зошто децата се толку поштедени, ќе разбереме зошто вирусот ги убива старите лица, додава Френк Еспер, специјалист за детски заразни болести од Клиниката за деца во Кливленд.

Прашањето на кое Еспер и другите се обидуваат да го најдат одговорот е дали степенот на инфекцијата е поврзан со нешто друго, нешто на што пациентите биле изложени порано? Дали е во прашање промена на нашиот имунолошки систем, којашто доаѓа со возраста? Или, дали станува збор за загадување кое се случува со години?

“Или можеби нема никаква врска со вирусот, туку со домаќинот, кој има промени во белите дробови, има дијабетес или коронавирус. На крајот на краиштата, малку седумгодишни деца имаат проблеми со висок притисок, објаснува Еспер, кој ги проучува вирусни респираторни инфекции и нови болести.

Претходните епидемии на коронавирус, исто така, мистериозно ги поштедија децата. Ниту едно дете не починало за време на епидемијата на САРС во 2002 година, во која починаа 774 луѓе. Исто така, многу малку деца покажаа симптоми на смртоносниот коронавирус МЕРС, кој уби 858 лица во 2012 година.

За да открие зошто, Менахери во лабораторија им инјектирал САРС (кој е близок роднина на типот на коронавирус и се вика SARS CoV-2) на глувци. Воочил дека ситуацијата со глувците е иста – бебињата глувци минувале низ инфекција без проблеми, додека белите дробови и телата на старите глувци биле уништени.

Менахери открил дека стапката на смртност кај глувците е поврзана не само со слабост на имунолошкиот систем, туку и со „дисрегулација“ поради која имунолошките системи претерано им реагирале на коронавирусот САРС. Ова е слично на начинот на кој луѓето умираат од КОВИД-19.

Но, прашањето што го имаат тој и другите е – зошто бебешките глувци поминуваат низ инфекција без проблем?

“Ако навистина е точно дека децата се поотпорни на оваа инфекција, тогаш ми се чини дека се работи за нешто механичко, а не имунолошко. Тоа има врска со рецепторите во детските тела или нивните бели дробови, што го спречува вирусот да се закачина телото”, вели Еспер.

Стјуарт Вестон, виролог од Медицинскиот факултет на Универзитетот Мериленд, тестира антивирусни лекови кои можат да помогнат во лекувањето на заболените со коронавирус.

Фокусот е на вакцините и лековите, но постојат некои големи прашања на кои бараме одговор и тоа долгорочен, ако навистина сакаме да разбереме што прават коронавирусите“, вели Вестон.

Значи, со оглед на ваквата состојба со децата, дали има смисла да се затворат училиштата – прашуваат експертите.

Повеќето епидемиолози сметаат дека слабите симптоми всушност ја маскираат реалната состојба, и дека децата заболуваат во ист број како и возрасните. Новите податоци, кои ги објавија кинески истражувачи на барање на нивната влада, велат дека истражувањата откриле дека децата и возрасните заболуваат во ист процент.

Од истражувањата на епидемиите, знаеме дека затворањето на училиштата може да биде ефикасно во забавување на преносот на вирусот, затоа што децата честопати се преносители на инфекцијата. Тие го прошируваат вирусот на родителите, роднините и на пошироката заедница“, вели Кејтлин Риверс, епидемиолог.

Извор: Вашингтон пост