Дома LIFE Научниците утврдија зошто Ковид-19 предизвикува губење на чувството за мирис

Научниците утврдија зошто Ковид-19 предизвикува губење на чувството за мирис

153

Губењето на чувството за мирис е еден од најчестите и најрани симптоми на Ковид-19, а група американски научници тврдат дека ја пронашле причината за тоа.

Според „Скај њуз“, утврдено е дека сензорните неврони што го детектираат мирисот и го пренесуваат до мозокот сепак не се меѓу клетките за чувство за мирис, кои ги напаѓа коронавирусот.

Всушност, вирусот ги напаѓа клетките кои овозможуваат метаболичка и структурна поддршка на овие неврони, како и одредени матични клетки и клетки на крвните садови, велат научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот „Харвард“,

Губењето на чувството за мирис предизвикано на овој начин не е трајно, наведуваат научниците.