Научниците пресметаа колку време ни остана на Земјата – само уште 40 години до еколошка катастрофа!

566

Прекумерната сеча на дрвата насекаде во светот ќе резултира со еколошка катастрофа за 40 години, предупредуваат научниците. Нивното последно статистичко истражување е пресуда за планетата и за нас.

Максимално четири децении не делат од еколошката катастрофа – е заклучокот на двајцата теоретски физичари д-р Џерардо Аквино од Институтот Алан Туринг во Лондон и професорот Мауро Болоња од чилеанскиот универзитет „Тарапака“. Катастрофата ќе биде предизвикана од се поголемата потрошувачка и сеча на дрва. Своите истражувања и заклучоци ги објавиле во магазинот Nature Scientific Reports.

Во нивното истражување двајцата научници истакнуваат дека луѓето ќе чувствуваат сериозни последици дури и пред да го урнат последното дрво, а измените вклучуваат загрозен опстанок на многу видови, вклучително и нашиот.

Пред развојот на човечката цивилизација, на планетата Земја имало 60 милиони квадратни километри шума. Новите податоци покажуваат дека сега тој број изнесува помалку од 40 милиони квадратни километри. Истражувањата на физичарите покажаа дека шансите да се избегне тој катастрофален исход се мали, или – во најдобар случај – имаме помалку од 10 отсто шанса да го избегнеме „незапирливиот колапс“, како што велат стручњаците.

Според нив, еден од поефикасните начини на справување со овие проблеми, е поголемата употреба на Сончевата енергија.

Друга позитивна работа, според написот, е тоа дека населението не расте како што многумина очекуваат. Уште повеќе, се очекува и значително намалување на тој параметар.

И, додека сѐ ова е прилично бавен процес, многу може да се направи со промени во пристапот или со радикална цивилизациска трансформација. Пред сѐ, тоа може да се случи ако се сосредоточиме повеќе на заедничките, отколку на личните интереси. Никој не вели дека ќе биде лесно, но на крајот на краиштата, „сè зависи од нас“, се нагласува во текстот.