Дека факторот на среќата зависи од животните периоди сега е потврдено и од научниците.

Што е среќа? Тоа е лична перцепција. Но, според научниците сите фактори за среќа помалку ќе ви значат во одредена животна фаза. Во студија објавена во National Bureau of Economic Research (NERB) се наведува дека кога станува збор за развиените земји, луѓето се најнесреќни на 47 години, а во неразвиените земји на 48 години.

Кривата на среќата има облик на буквата U, а најниската точка е забележана во 47-та година од животот. Среќата и оптимизмот тргнуваат во слободен пад уште на 18 години. Триесеттите години од животот често се период на успех, кога личноста конечно знае што сака, но среќата почнува сериозно да опаѓа.

Ова секако дека не е причина за загриженост, бидејќи најсреќниот период, како оној од дваесеттите години, повторно ќе завладее подоцна во животот, во 70-тите.

Како и да е, секој е ковач на сопствената среќа и се зависи од тоа како ќе гледате на работите.