Повеќе од 60 научници од 11 земји потпишаа отворено писмо до владите во кое ги повикуваат властите во болниците, градинките и училиштата храната да биде базирана на овошје, зеленчук, ореви и зрна

Научниците ги повикуваат владите ширум светот да ја ограничат потрошувачката на месо и млечни производи за да се спречат штетните ефекти од климатските промени врз здравјето на граѓаните и на планетата.  Повеќе од 60 научници од 11 земји потпишаа отворено писмо до владите, во кое ги повикуваат властите од целиот свет да ја ограничат количината на месо и млечни производи во болниците, градинките и училиштата и да ја базираат својата исхрана на овошје, зеленчук, ореви и зрна, пишува totallyveganbuzz.com

Професорот Пит Смит од Универзитетот во Абердин, водечки автор на извештајот на телото на ООН за климатските промени, започна кампања со отворено писмо до официјалните лица низ целиот свет за да создаде иднина што ќе биде од полза за здравјето на граѓаните, но и планетата.

„Намалената потрошувачка на месо и млечни производи е најитниот и најсуштински начин за борба против климатските промени. Месната и млечната индустрија е одговорна за високи нивоа на емисии на гасови и уништување на шумите на планетата, што е  резултат на сточарството за прехранбената индустрија“, вели Смит.

Гринпис соопшти дека животните во земјоделието се одговорни за 60 отсто од емисиите и дека за да се намалат глобалните температури за 1,5 ºС, светот мора да ја намали потрошувачката на месо и млечни производи за повеќе од половина до 2030 година.

Рејес Тијадо, службеник за односи со јавноста на Гринпис вели: „Официјалните претставници на земјите од светот треба да направат сè што е во нивна моќ за да создадат здрава иднина за своите граѓани и за планетата“.

„Со намалување на високата побарувачка за месо, земјите и градовите можат да направат огромна разлика во однос на  дестилацијата на јаглеродот“. Една од првите мерки може да биде да престане да се служи месо и млечни производи во училиштата, градинките и болниците.

Многу земји и градови веќе усвоија мерки за минимизирање на потрошувачката на месо и млечни производи со цел да се намали стапката на емисија на гасовите и да се подобри здравјето на жителите и да се заштити планетата.

Градскиот совет на Њујорк, на пример, ја спроведува Резолуцијата 238, според која училиштата ќе престанат да служат месо. Градот воведе и програма без месо во 1.700 јавни училишта.

Во округот Лил, Франција, училиште кое служи околу 14,000 оброци на ден од 2014 година има вегетаријанско мени еднаш неделно. Минатата година, Веракруз, втората по големина држава во Мексико, започна програма со која се бара сите училишта секогаш да служат вегански оброци во понеделник.

Од 2016 година, Универзитетот во Кембриџ ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 33 отсто за килограм храна, со цел да се создаде поздрава иднина за граѓаните и планетата. (Л.Г.Д.)