Научила да кодира на 81 година, па ја направила првата апликација за повозрасни

70

 

Кога имала 81 година  почнала да се занимава со ИТ апликации, да пишува блогови на јапонски и англиски јазик.

Работела во една од водечките јапонски банки, а во својата деветта деценија во животот направила мобилна апликација.

Вакамиа живее во Јапонија, во градот Канагаве. Ја осмислила апликацијата која се вика Хинадан, инспирирана од јапонскиот фестивал на кукли.

Оваа супер бабичка ги упатува секојдневно постарите луѓе и граѓаните да ја користат максимално технологијата.

Јас сум ИТ дигитален креатор. Прв пат почнав да користам лаптоп на 58 години. Учев и работев и ги замолив луѓето кои се занимаваат со ИТ технологија да осмислат некои од игрите за мене. Ја осмисливме апилакцијата Хинадан, објасни Масако Вакамиа.

Во чест на јапонскиот Ден на девојките ја направила апликацијата ИОА која ги учи корисниците како да постават кукли за фестивалот.  Хинадан бара поставување на 12 кукли на одредени позиции, а се завршува кога куклите ќе бидат правилно поставени.

Извор:htttps://vimeo.com