Науката советува: мирисањето брза храна ќе помогне да ви помине желбата

131

Дали добивате неодолив нагон за хамбургер? Или, особено навечер, желба за сладолед или нешто слатко? Според најнова студија, мирисањето на јадењата што ве мамат би можело да помогне да ја згаснете желбата за нив.

Истражувачите на Универзитетот Јужна Флорида неодамна открија директна поврзаност помеѓу времетраењето додека некој мириса нешто и од тоа дали ќе сака и да го изеде. Тие спровеле неколку тестови кои ги изложиле учесниците на мирисање здрава и нездрава храна (како на пример слатки и јагоди).

Се открило дека кај оние кои биле изложени на мирисот на слатки во времетраење од 30 секунди била поголема веројатноста да посегнат по нив, додека оние кои биле изложени на миризбата подолго од две минути не се помамиле по слатките и потоа посегнале по јагодите. Научнциите исто така тестираче пица наспроти јаболко и го добиле истиот резултат.

Дипајан Бисвас, доктор на науки, главниот автор на студијата и професор по маркетинг на Факултетот за бизнис при Универзитетот Јужна Флорида, вели дека поради тоа што на мозокот не му е нужно потребно да го разграничи изворот на сензорно задоволство, како вкусот или мирисот.

„Амбиенталниот мирис може да биде моќна алатка да се одолее на копнеж по некоја храна“, рече тој. „Всушност, суптилните сензорни стимуланси како мирисите можат да бидат ефективни за влијаење во изборот на храна кај децата и возрасните наместо со пристапот на рестрикција“.
Така, ако сакате да се придржувате до кето диета или протеинска диета, обидете се малку да ги одморите омилените јаглехидрати на некое време.
А, ние останатите, мораме постојано да се потсетуваме дека умереноста е клуч на се – некоја храна е добра за телото, а некоја е добра за умот.