Коронавирусот направи хаос во спортот, подолг период спортските настани беа замрзнати, а сега со олабавување на мерките спотските федерации ги донесоа протоколите за работа на клибовите.

Одлучено е тренинзи и натпревари да се одржат без публика, а од сите учесници се бара да потпишат изјава за одговорност за почитување на општите мерки за превенција од Ковид-19.

Тестирање на КОВИД-19 треба да се изврши најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, а по потреба и дополнително мерење на температура на сите учесници при влегување во спортска сала.

Поставување средства за дезинфекција кое содржи 70% алкохол, за дезинфекција на раце и нозе на одредено место, со назнака за задолжително користење пред секој тренинг и натпревар.

Употребата на заштитни маски е задолжителна освен за кошаркар/ките кои се на терен во игра, секој поединец треба да има своја спортска опрема (лично), секој клуб има обврска да обезбеди доволна количина на заштитни маски и средства за дезинфекција кои редовно треба да се надополнуваат, зачестено чистење и дезинфекција на сите простории во спортската сала, материјалите и опремата одржување на социјално растојание (нема ракување, гушкање, фрлање или кој било друг контакт)