Натпис „Погба-аут” пред базата на Манчестер Јунајтед

76

Напнатоста помеѓу sвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба и навивачите на тимот продолжува да расте.

Денес, на една од таблите пред базата за обука на клубот се појави огромен натпис „Погба – аут” со црвен спреј.

Минатата недела играчот од средниот ред беше подложен на расистички навреди од страна на приврзаниците на екипата поради промашениот пенал против Вулверхемптон (1:1).

Како и да е, цело лето се зборуваше за желбата на Погба да го напушти „Олд Трафорд” за да му се приклучи на Реал Мадрид.