Пејачката Наташа Беквалац неодамна влезе во нов бизнис, кога реши да им го изнајми прекрасниот имот што го поседуваат во Ченаj на луѓе кои сакаат да се одморат. Целото попладне Наташа го помина на состаноци со нов агент кој треба да го преземе водењето на нејзиниот нов бизнис.

Иако најпрво една од сестрите Беквалац требаше да се справи со целата приказна, Наташа реши да најде човек кој ќе се грижи за нејзиниот дом, кој се наоѓа во близина на нејзиниот роден град. Таа сфати дека луѓето многу повеќе патуваат низ Србија во последно време, бидејќи поголемиот дел од границите се затворени или е можно влегување во друга земја под одредени услови, и дошла на идеја да започне да издава куќа во која можат да се сместат скоро дваесетина луѓе.  Целиот имот се простира на 3.500 м2, а самата куќа има 400 м2. Така, пејачката организираше средба во центарот на Белград со човек со кого детално разгледуваше сè што е поврзано со новиот бизнис. Со него беше Тања, сестрата на Наташа. Пејачката имаше јасни барања од својoт нов вработен. За да не се грижи за гостите кои доаѓаат кај неа дома и планираат да поминат време таму,  наместо неа агентот ќе ја извршува таа работа.

Долго време размислувала дали е правилно да се исели од куќата и да се пресели во станот во Нови Сад. Станот лоциран во Белград, во кој некогаш живеела, сега е дом на нејзината сестра Кристина, додека таа со години го издавала имотот што го поседува во Нови Сад, но се реши да се врати таму со своите ќерки. Таа верува дека овој бизнис дополнително ќе ги зголеми приходите во нејзиниот буџет, но затоа нема да може да ужива во базенот и сонцето толку често колку што можеше до моментот кога не го стави имотот во оглас.