Shortcutz Amsterdam International Audience Award во 28 градови низ светот, a во јануари и во Скопје!

Ќe гледаме 7 кратки холандски филмови и ќе гласаме за својот омилен, на 13.01.2020 во 20ч. на поткровјето во Public Room!

(ФБ. фотографија)

Shortcutz Amsterdam e многу повеќе од филмски фестивал, многу повеќе од филмска платформа и многу повеќе од само простор за вмрежување и дружење.

Тоа е едниствената иницијатива во Холандија која се фокусира на промоција на холандските филмки таленти и ги повзрзува новите режисери и продуценти со веќе етаблираните професионалци.
Нивните филмови ги промовира заедно со повеќе од 30 партнери на различни локации низ светот.

Се прикажуваат филмови на млади таленти од Холандија, а професионалци од областа на филмот ги раскажуваат своите приказни и видувања.

На тој начин младите продуценти и режисери ја промовираат својата работа, разговараат со својата публика и со професионалци.

Од друга страна, љубителите на филмот имаат можност да гледаат нови филмови, да дознаат повеќе за новите таленти и да запознаат некој од своите омилени режисери.

А сето ова се случува во неформална средина, со пијалок и дружење. (Преземено од ФБ.)