Наставник се појавил пред вратата на ученичка со потребните реквизити да и помогне околу домашната по математика

731

Иако поради вирусот корона се воспоставени посебни начини за учење и работа од дома во многу земји во светот, на некои деца им е потребна дополнителна помош.

Одредени наставници не се воздржуваат да преземат и дополнителни напори за да им овозможат на своите ученици правилно разбирање на задачите.

Кога 12-годишната Рајли Андерсон, ученичка од шесто одделение му се обратила на својот наставник бидејќи не знаела да ја реши задачата по алгебра, таа очекувала многу телефонски разговори и мејлови со објаснувања.

Но, наставникот и испратил повеќе од порака како одговор: тој знаејќи дека ученичката има потешкотии со совладување на задачата, дошол пред нејзината куќа со табла и маркери, и преку стаклена врата и ја објаснил постапката за решавање на задачата.

Тој навистина ми го олесни разбирањето на математичниот проблем. Навистина ми беше од голема корист неговото доаѓање, изјавила Рајли.

https://www.instagram.com/p/B-b_469nilN/?utm_source=ig_embed

 

Во врска со поделената фотографија од учителот и Рајли на социјалните медиуми и реакциите на луѓето, се надоврза и нејзиниот татко:

Ова е приказ на тоа колку далеку може да отидат наставниците во желбата да им помогнат на своите ученици по секоја цена во овие времиња Фокс њуз.

Подобра е комуникацијата лице в лице отколку по телефон, мислам дека учениците така подобро учат, изјавил наставникот. Наставниците низ целата држава се турнати во вакви ситуации. Мислам дека на сите ние е многу поугодно кога сме во нашите уличници и таму, најрадо, би биле, додал тој.

Извор:storiepick.com