Настава без мобилни телефони во ООУ „Александар Македонски“’

62

По примерот на општината Ѓорче Петров и во некои од училиштата во Аеродром се воведува забрана на употреба на мобилни телефони за време на часовите. Таква одлука донесе општинското основно училиште „Александар Македонски“ во соработка со Советот на родители.

За таа цел, училиштето набави посебни шкафчиња каде што ќе се оставаат телефоните и учениците ќе можат со поголемо внимание да го следат часот. Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес.