Наскоро судење за “Талир”, Судот даде позитивна оценка на обвинението

45

Кривичниот суд  даде позитивна оценка  за случајот „Талир“ на СЈО, и се очекува  набрзо да биде закажано и првото судско рочиште против обвинетите кои се поранешни високи функционери во ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинението за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ е поднесено против екс премиерот Никола Груевски, и неговите поранешни  соработници Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска.Но, на Чингаровска нема да и се суди, бидејќи таа неодамна се спогоди со СЈО и призна вина,за што доби двегодишна условна казна затвор.