Поранешниот ракометар на македонскиот, европски и регионален шампион  Вардар, Лука Циндриќ, кој моментно игра за Барселона, вели дека се чувствува добро, но загрижен е за целата ситуација и не ја исклучи можноста тимот да заврши во карантин.

-Фала му на Бога, добро сум. Моментно не тренираме, но ќе речам дека ситуацијата не е најдобра. Нема кој не е загрижен и затоа мораме да се придржуваме кон мерките на властите. Не ја исклучувам можноста наскоро да завршиме во карантин. Сега не можеш да се движиш слободно, но ќе го издржиме ова, изјави ракометниот репрезентативец на Хрватска

Без разлика дали сезоната ќе се доврши или не Барселона може да биде прогласена за шампион.