Насилно отворен еден од лифтовите во „Смилевски конгрес“

645

„Отворен лифт без никакво предупредување. Дали сте нормални и дали размислувате до какви последици може да дојде. Срамота“. Вакво предупредување осамна денеска на Твитер со фотографии од кои се гледа дека непознат сторител отворил врата на лифт во катната гаража „Смилевски конгрес“ и ја оставил без никакво предупредување.

Со катната гаража стопанисува АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката од каде информираа дека овој лифт е еден од двата кои постојат во неа и не е во функција поради проблем со достава на дел за негова поправка.

– Постапувајќи согласно сите безбедносни протоколи лифтот беше затворен  и соодветно означен дека е вон употреба. Веднаш по утврдување на проблемот, нашите служби интервенираа и повторно го затворија и соодветно го означија лифтот, откако претходно утврдија дека истиот е насилно отворен од страна на непознати сторители-објаснуваат од акционерското друштво и посочуваат дека станува збор за вандалски чин кој можел да предизвика сериозни последици.

Оттаму додаваат дека дополнително ќе се преземат мерки за поголема безбедност на просторот.

(А.П.)