Дома МАКЕДОНИЈА Насилници го нападнале персоналот во Градска болница

Насилници го нападнале персоналот во Градска болница

133

Синоќа околу 02:00 часот по полноќ, група луѓе во алкохолизирана состојба ги нападнале болничките служби и полицијата, која била повикани на помош, во поранешна Градска болница.

Инцидентот се случил непосредно откако пациентот пристигнал во болницата со расекотина на раката, а потоа групата насилници започнала физичка пресметка со персоналот во болницата, докторката во паника избегала додека медицинската сестра и портирот биле претепани.