Добри вести пристигнуваат од НАСА, светот е позелено место сега, отколку пред 20 години, благодарение на Кина и Индија.

Иако во двете земји се повеќе е нагласена потребата од пренаменување на плодно земјиште, вода и други ресурси за економска корист, сепак двете земји „се виновни“ за најголемето разеленување на планетата во последните две декади.

Двете најнаселени земји во светот спроведоа амбициозни програми за засадување на дрвја. Индија продолжува да руши светски рекорди во садењето дрвја, односно 800.000 Индијци засадија 50 милиони дрвја за само 24 часа, пренесува Форбс.

Неодамнешните откритија на НАСА се објавени во списанието „Природа и одржливост“, при што се споредувани сателитски податоци од средината на 1990-тите до денес, а биле користени фотографии со висока резолуција, пишува Форбс.

Првично, истражувачите не биле сигурни што го предизвика значителното зголемување на зеленилото на планетата. Не било јасно дали климатските промени и глобалното затоплување, зголемениот јаглерод диоксид (CO2) или влажната клима може да предизвикаат да растат повеќе растенија.

Во понатамошно испитување на сателитските слики, истражувачите откриле дека зеленилото непропорционално се наоѓало во Кина и Индија. Ако зголемувањето на зеленилото е последица на климатските промени на планетата и глобалното затоплување, тогаш зголемената вегетација не треба да биде ограничена во границите само на некои земји. Покрај тоа, логично е регионите со поголема географска ширина да станат позелени од помалите географски широчини.

Картата погоре покажува релативно зеленило (зголемување на вегетацијата) и кафеава боја (намалување на вегетацијата) низ целиот свет., а најзначителна е промената во Кина и Индија.

Сепак, охрабрувачкиделува фактот за промените во управувањето и користењето на земјиштето и тоа е нешто што треба да продолжи да биде приоритет и во наредните децении.