НАСА разоткрива голема руска кражба, Украина оштетена за неколку милијарди долари!

2012

Американската вселенска агенција (НАСА), наводно успела да разоткрие и има докази за голема руска измама и кражба во Украина, пренесува германската агенција ДПА.

Според наводите на НАСА, се се случило во првите месеци од почетокот на војната во Украина на 24 февруари годинава. Украина поради војната, немала пристап до околу 22% од житариците во источниот дел на својата земја.

„NASA Harvest“, програма на Американската вселенска агенција за прехранбена безбедност и земјоделие, открила дека биле пожнеани околу 5,8 милиони тони пченица на полињата вио регионите кои „не се под контрола на Украина“.

„NASA Harvest“ користела сателитски податоци во соработка со неколку партнерски институции.

На територијата на Украина годинава се пожнеани вкупно 26,6 милиони тони пченица што е многу поголема количина од ланските предвидувања. Ова го наведуваат научниците кои биле вклучени во истражувачкиот проект. Неожнеаното жито се наоѓа главно на полињата што се во близина на линијата на фронтот.

Иако ова е помалку во однос на минатогодишниот рекорд од 33 милиони тони, количината и понатаму е блиску до петгодишниот просек од 27,9 милиони тони.

„Вкупно 88% од минатогодишните зимски посеви се пожнеани во областите кои не се под контрола на Украина“ – се наведува во извештајот од НАСА.