Американската вселенска агенција (НАСА) избра 10 нови астронаути меѓу кои четири се жени. Новите астронаути на НАСА беа претставени на свечената церемонија во Хјустон, пренесува АП.

За посакуваната позициија астронаут се пријавиле повеќе од 12.000 кандидати.

Избраните 10 нови астронаути се на возраст од 30 и 40 години и треба да поминат двегодишна обука пред да се квалификуваат за лет во вселената.

Покрај борбените и пробните пилоти, меѓу кандидатите за астронаути има и медицински физичар, специјалист за дупчење, поморски робот, хирург и биоинженер кој бил шампион во велосипедизам. Со нив ќе се обучуваат и двајца астронаути од Обединетите Арапски Емирати.

Од 1959 година досега, НАСА прифатила 360 луѓе во својот корпус на астронаути .

Претходниот избор на астронаути беше во 2017 година.