НАСА објави дека го избрала Спејс Икс (SpaceX) за предвидениот лет на Европа, заледената месечина на планетата Јупитер, што е голем успех на компанијата на милијардерот Илон Маск кој сака да ги организира сите понатамошни патувања во Сончевиот систем.

Се работи за прва мисија на НАСА на Европа чија цел е да се утврди дали на неа постојат услови за живот. НАСА ќе спроведе детално истражување на овој сателит на Јупитер кој е нешто помал од месечината на Земјата и е водечки кандидат кога се работи за потрага по живот во Сончевиот систем.

Мисијата ќе биде спроведена во октомври 2024 година со ракетата Фалкон Хеви од вселенскиот центар Кенеди на Флорида.

Вредноста на договорот изнесува околу 178 милиони долари.