НАСА: Вулканската ерупција во океанот во Тонга била 100 пати посилна од атомската бомба

131

Вулканската ерупција во океанот во близина на Тонга била над 100 пати посилна од атомската бомба фрлена од САД врз Хирошима, објави НАСА.

Ерупцијата минатата недела целосно уништи вулкански остров северно од главниот град Тонга, Нукуалофа, а потврдено е дека во цунамито загинале три лица, објави Индекс.

Веднаш по ерупцијата и цунамито се стравуваше дека водните извори се загадени со пепел, но претходните денови со тестирање беше утврдено дека подземните и дождовните води се безбедни за пиење.