Народна банка: Банкарскиот систем останува стабилен, сите банки и штедилници работат со добивка

84

По одземањето на дозволата за основање и раб ота на Еуростандард банка банкарскиот систем е и останува стабилен и добро капитализиран, со висока ликвидност, велат од народната банка.

Како потврда за ова ги посочуваат податоците за банкарскиот систем со состојба на 30 јуни 2020 година:

• Стапката на адекватност на капиталот на банкарскиот систем забележа натамошен раст и е во рамки на историскиот максимум, 17%. Таа е повеќе од двојно повисока од законскиот минимум. Со изземање на „Еуростандард банка“ АД Скопје, адекватноста на капиталот на системот се зголемува и изнесува 17,2%. Кај сите други банки и кај штедилниците, стапката на адекватност на капиталот е во распон од околу 14% до 22%, односно кај најголем дел е двојно повисока од минималното законско барање, што е од клучно значење за стабилноста и на одделните банки и на банкарскиот систем во целина.

• Сите други банки и штедилниците во првата половина од оваа година работат со добивка и ликвидноста ја одржуваат согласно супервизорските стандарди (околу 30% учество на ликвидна актива во вкупна актива на банкарскиот систем). Со изземање на „Еуростандард банка“ АД Скопје, со оглед на загубите во нејзиното работење, кај финансискиот резултат на банкарскиот систем се забележува подобрување за речиси 21%.

• Нефункционалните кредити се одржуваат на историски ниско ниво од 4,7%, при што кај најголем дел од банките има нивно намалување. Со изземање на „Еуростандард банка“ АД Скопје, нивото на нефункционалните кредити на банкарскиот систем е значајно помало и изнесува само 3,7% од вкупните кредити.