Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го објави календарот за следната сезона во Формула 1, кој вклучува рекордни 23 трки. Првенството ќе започне со трка во Бахреин на 20 март 2022 година, по што ќе следуваат трките за Големата награда на Саудиска Арабија (27 март) и Австралија (10 април).

Австралија ќе биде домаќин за прв пат од 2019 година, а последните две сезони на трката се откажани поради пандемијата на коронавирус.

Нова трка во календарот ќе биде и ГН на Мајами (8 мај), а по 2019 година, Јапонија, Канада и Сингапур ќе се вратат на календарот.