Напредуваме, но сакам повеќе

89

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, даде свое видување за играта на неговиот тим по нерешените 1:1 во дерби пресметката против Манчестер Јунајтед.

  • Сакам повеќе, како во однос на резултатите, така и во играта, но напредуваме. Бевме конкурентни, но можеме да играме подобро. Можеме подобро да ја контролираме топката и да преземеме повеќе ризици во шеснаесетникот на противникот. Не е најдобриот резултат во однос на постигнувањето, но освоениот бод ќе добие на тежина, ако го победиме Бурнемаут следната недела, изјави Емери.

Предводникот на „топчиите“ го пофали стрелецот на голот Обамејанг.

  • Многу сум задоволен од него. Ни требаат повеќе такви играчи кои можат да постигнат гол, додаде Емери.

Арсенал по седум кола во Премиер лигата се наоѓа на 4. место со 12 бода.