Македонската фудбалска репрезентација утре со почетоко од 20.45 часот на арената „Тодор Проески“  ќе ги одмери силите со Ерменија во рамките на квалификаците за Светското првенство во Катар, наредната година. На овој пат „рисовите“ ќе бидат предводени од новиот селектор Благоја Милевски.

-Прво би сакал да им се заблагодарам на сите кои беа дел од репрезентацијата, а веќе не се. Тоа се пред се Пандев, Тричковски и Велкоски. Неминовно беше освежување на тимот. Тоа само по себе си носи примени. Се наоѓаме на старт на сезона, не можеме да бараме висока натпреварувачка форма кај сите фудбалер. Сепак, како е за нас, така е и за останатите. Одредени репрезентативци немаа минутажа, а други немаа никакви натпревари. Направивме освежувања на позициите каде што бевме принудени, но голем дел од тимот останан непроменет, истакна новиот селектор Милевски и додаде неколку зборови за Ерменија

-Ерменците со самото место кое го заземаат во групата, докажува дека се квалитетен тим. Тие покажуваат дека освен тимски квалитет имаат и поединечен. На стартот победија „три од три“, а одиграа добри тестови со Шведска и Хрватска. Сепак, свесни сме дека и ние поседуваме квалитет.

 Македонија ќе одигра три квалификациски дуели во септември. По домашниот со Ерменија, гостува кај Исланд три дена подоцна, додека третиот и последен дуел е со Романија на арената „Тодор Проески“.