Направивме голем број грешки

58

Тренерот на Торино, Валтер Мацари е разочаран од играта на своите избраници на дуелот со Вулверхемптон во плеј-офот во фудбалската Лига на Европа. Италијанците во првиот меч на домашен терен загубија со 3:2.

  • Направивме голем број грешки во одбраната, кои обично не ги правиме. И резултатот е многу лош. Не заслуживме пораз. Но, тоа е така кога се правата грешки против тим кој е во состојба да плати 40 милиони евра за играч. Противникот има големи финансиски ресурси и висококвалитетен персонал, изјави Мацари.

Реваншот на теренот на противникот е закажан за 29 август.