Наполи го ангажира ветеранот Сиригу

26

Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи денес објави дека постигна договор за соработка со голманот Салваторе Сиригу.

Договорот со 35-годишниот Италијанец е до крајот на јуни 2023 година со опција за продолжување на уште една година.

Сиригу минатата сезона играше за Џенова. Како дел од џеновјаните, голманот прими 59 гола на 36 натпревари, а на десет средби ја зачува својата мрежа „сува“.

Во новата сезона амбициите на Наполи се највисок пласман во Серија А и што подолго останување на евро-сцената.