Напитоци со цимет што го забрзуваат метаболизмот

535

Циметот често го користиме како додаток на јадењата, но тој може да придонесе многу за нашето здравје. Овој мирисен зачин исто така може да помогне на жените со нередовен циклус, а исто така помага и при слабеење. 

Ви предлагаме неколку напитоци со цимет кои ќе го забрзаат вашиот метаболизам.

Меден напиток

Ставете половина лажичка цимет во шолја зовриена вода, поклопете и оставете да отстои половина час. Додадете 1 лажица мед и мешајте. Пијте го овој напиток 2 пати денвно – наутро на празен стомак и ноќе пред спиење.

Кефир со ѓумбир

Земете 1 чаша кефир и додадете половина лажичка цимет. Додадете во кефирот прстофат црвена пиперка и малку рендан ѓумбир. Сите состојки измешајте ги. Овој напиток може да го замени ручекот или вечерата.

Чај со цимет и ѓумбир

За подготовка на чај со цимет е погоден обичниот црн чај. Подгответе црн чај и додадете половина лажичка цимет, 30 г изрендан ѓумбир и ванила за вкус.

Милкшејк

Измешајте во блендер 5-6 било какви бобинки со една лажица цимет и 200 мл млеко. Посипете го милкшејкот со ореви или бадеми.

Кафе со млеко и цимет

Помешајте 100 мл млеко со една лажица кафе или лажица какао и додадете 1 лажица цимет. Доколку сакате можете да додадете и мед.