Нарингенин, антиоксиданс кој се наоѓа во цитронот, но и во другите цитрусни овошја го поттикнува црниот дроб на разградување на мастите и истовремено ја зголемува чувствителноста на инсулин, тврди тим од научници од Израел и Америка. Со разградување на мастите, нарингенинот всушност создава слични услови во организмот, како постот.

Овој антиоксиданс го имитира дејството на лековите кои се користат за намалување на маснотии и шеќер во крвта.

За подготовка на овој напиток од цитрон и јаболков оцет потребно ви е:

  • 2 лажици јаболков оцет
  • сок од 1 цитрон (грејпфрут)
  • сок од еден портокал
  • ½ лажичка цимет
  • 150 ml вода.

Измешајте ги сите состојки, добро измешајте во тегла со поклопец, за да се соединат сите состојки и напитокот е готов за пиење.

Овој напиток е најдобро да го консумирате 15 до 20 минути пред оброк или пак наутро.

Освен што ќе ви го поттикне метаболизмот на мастите и ќе ви го прочисти црниот дроб, овој напиток е одличен и за контрола на шеќерот во крвта.

Сепак доколку се одлучите да го консумирате, а примате хронична терапија од повеќе лекови, тогаш задолжително консултирајте се со својот лекар.