Напаѓач отвори оган во училиште во Русија: Најмалку 9 убиени и 20 ранети – децата се криеле под клупите/ВИДЕО

73

Најмалку девет лица загинаа, а 20 се ранети во вооружен напад во училиштето број 88 во Ижевск, главниот град на руската република Удмуртија, соопшти прес-службата на Министерството за внатрешни работи на републиката.

Според некои информации, меѓу жртвите има и пет деца, а напаѓачот за време на нападот убил и двајца чувари и двајца учители во училиштето.

Учениците и персоналот биле евакуирани за време на нападот во училиштето број 88 во Ижевск, а некои ученици се сокриле во училниците.

Претходно претседателот на Удмуртија, Александар Бречалов изјави дека е убиен училишен чувар, а меѓу жртвите има и деца.