Манекенката Наоми Кемпбел во интервју за BBC прв пат јавно зборува за мајчинството. Таа откри дека е многу среќна како мајка и ја опиша својата ќерка.

„Навистина сум среќна. Мислам дека имам дете од соништата“ – изјави 51-годишната Наоми.

„Таа е прекрасна. Веќе е многу независна, паметна, внимателна, спие по 12 часа. Таа е добро девојче“, додава манекенката.

Ова е прв пат Наоми Кемпбел во јавност да зборува за својата ќерка. Досега воопшто не зборуваше за неа и не објавува фотографии на социјалните мрежи.

Наоми во мај годинава објави дека станала мајка и со таа вест 51-годишната манекенка го изненади модниот свет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

„Овој мал благослов ме избра да и бидам нејзина мајка. Многу сум почестена што ја имам оваа нежна душа во својот живот. Немам зборови со кои би ја опишала врската што сега ја делам со тебе, мој ангелу. Нема поголема љубов“, напиша Наоми покрај фотографијата на која го држи стапалото на новородената ќерка.