Францускиот ракметен гигант, тимот на Нант, во чии редови настапува најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, е на чекор до пласман на Ф4 турнир во Лигата на шампионите, откако во првиот четвртфинален натпревар славеше на домашен терен над унгарскиот шампион Веспрем со 32:28.

Унгарскиот шампион подобро го почна натпреварот и на средина од првиот дел имаше предност од три гола (10:7), но со влегувањето во игра на Кире Лазаров, бројките на семафорот се сменија до крајот на првото полувреме, а Нант на одморот замина со предност од четири гола (16:12).

Во второто полувреме францускиот тим продолжи во ист ритам и веќе во 33. минута ја имаше најголемата предност на мечот од седум разлика (19:12). Од овој момент до крајот на мечот водството и контролата на мечот го држеше тимот на Нант, а Веспрем единствено што успеа да направи до крајот на мечот беше да ја намали разликата на четири гола пред реваншот на домашен терен.

Најдобар во победата на Нант беше Ривера со шест гола, втор стрелец беше Лазаров со четири погодка од девет обида, заедно со Пехмалбек и Балагер исто така со четири гола. Кај Веспрем, Маргуч даде осум гола, пред Ненадиќ и Нилсон со по шест реализации.