Според податоците на организацијата Environmental Working Group (EWG) и покрај миењето, на повеќе од 65 проценти од овошјето и зеленчукот, остануваат штетните хемикалии со кои се третирани, а кои предизвикуваат низа заболувања.

Хемиските средства кои превентивно делуваат против паразитите и болестите имаат штетно дејство врз здравјето на луѓето и предизвикуваат многу компликации.

Пестицидите кај луѓето го зголемуваат ризикот од неплодност, дијабетес, хормонална нерамнотежа и карцином. Затоа се препорачува пред употреба овошјето добро да се измие, и да се излупи.

Според истражувањето на EWG за 2019 година, зеленчукот кој поради своите добри својства е меѓу најздравите намирници, е на самиот врв на листата на храна со најмногу пестициди. Имено, дури 60 отсто од испитаните главици кељ, содржи канцерогени материи.

На листата намирници со најмногу пестициди се најдоа:

  • Јагоди
  • Спанаќ
  • Кељ
  • Нектарина
  • Јаболка
  • Грозје
  • Праски
  • Црешни
  • Крушки
  • Домати
  • Целер
  • Компир