Изминативе денови главна „ѕвезда“ во шпанските спортски медиуми е кошаркарот на Ваљадолид, Серхио де ла Фуенте. Имено, од клубот решија да му приредат изненадување на својот капитен по повод раѓањето на ќерка му, па така јавноста случајно откри дека кошаркарот со години водел двоен љубовен живот.

Кошаркарот неодамна доби ќерка со сопругата Лаура, а од клубот решија да му честитаат на социјалните мрежи, не сфаќајќи дека ќе откријат голема тајна што ја крие со години.

Клубот ги претстави неговата сопруга и новородената ќерка и потоа настана општ хаос.

  • Добре дојде Шарлота. Им честитаме на Лаура и Серхио за одличната вест, честитаа од Ваљадолид.

Објавата ја виде сопругата на познатиот кошаркарски ас, Фернандо Сан Еметерио, која откри дека Серхио до вчера ѝ бил момче на нејзината сестра.

  • Леле! Па какво изненадување! До вчера тој ѝ беше дечко на сестра ми. Три години беа заедно. Сега ништо. Нека живее среќно, нека живее полигамијата, напишала Алисија.

Наскоро проговори и нејзиниот сопруг Сан Еметерио.

  • Потврдувам, кратко прокоментира познатиот ас.

По драмата која настана, клубот ја избриша објавата од социјалните мрежи, но веќе беше предоцна. Иако имаа најдобри намери, сепак, на својот капитен животот му го направија пекол.