Светските поп-ѕвезди Џенифер Лопез и Шакира направија спектакл на полувремето од финалето во НФЛ  лигата – Суперболот, но ова не им се допадна на некои љубители на рагбито.

Двете музички диви предизвикаа големо внимание кога се појавија на сцената, но после нивниот настап почнаа да пристигнуваат тужби од сите страни. Дури 1.300 тужби се доставени на адресата на Федералната комисија за комуникации, а сите се однесуваат на премногу опуштен настап кој ги потсетувал на порно филм.

-Шоуто на полувремето беше непримерно. Шакира лежеше и глумеше дека има секс. Лопез имаше сцена како стриптизерка, се лулаше на шипка и се фаќа за меѓуножјето. Ова беше навредливо, моите деца го гледаа ова, се вели во една од тужбите.

Федералната комисија за комуникација која што ја регулира содржината во ТВ куќите доби уште голем број на слични тужби.

-Симулираа оргии, беа стриптизерки и ширеа порнографија. Ова е семеен настан и вакви работи не смее да се случуваат, беше уште една од тужбите.

Сепак останува да се види како ќе се решат овие тужби, но повеќе од сигурност ќе биде одредена некаква санкција за одговорните лица, а повеќе од сигурно е дека наредната година организаторите на Суперболот ќе бидат многу повнимателни кога станува збор за шоуто на полувремето