Иранскиот борач Навид Афкари, имаше сон да ја претставва својата земја на Олимписките игри. Како еден од најдобрите натпреварувачи и шампион со право сонуваше за медал и тоа златен од Олимписките игри во Токио.

Но, наместо оваа недела да го гледаме како се бори во Јапонијаза највисокото место на подиумот, тој е мртов скоро една година. Иранските власти го погубија со бесење, обвинувајќи го за убиство на член на обезбедувањето на антивладините протести во 2018 година.

Афкари тврдеше дека не го извршил делото што му беше ставено на терет, но се сомнева деска во затворот бил мачен по што наводно било извлечено неговото признание дека со нож го убил човекот од обезбедувањето.

Навид беше шампион на Иран во својата категорија, а познато е дека во таа земја борењето е национален спорт, а иранските борачи имаат осовено 43 олимписки медали и се најуспешната нација во историјата на овој спорт.

Афкари, кој сега требаше да има 27 – години сигурно ќе беше еден од фаворитие за златен медал на Олимписките игри во Токио. Меѓутоа, учеството во антивладните протести пред три години завршија кобно за него.

Доби две смртни казни, една за убиство, а другата за предизвикување војна во земјата. Неговите браќа се осудени на 27 и 50 години затвор. Борачот беше погубен на 12. септември 2020 година во Шираз.