Наместо да го промовира календарот на Пирели за 2022, Брајан Адамс пристигнувајќи во Милано откри дека е позитивен на коронавирусот

43

Музичарот Брајан Адамс денеска по пристигнувањето на аеродромот Малпенса во Милано откри дека е позитивен на Ковид-19.

Тој пристигна во Милано за да го претстави календарот на Пирели за 2022 година, кој го фотографираше, пренесе АП.

Канадскиот рок-пејач откри дека е позитивен на корона вирусот во објава на Инстаграм на која е објавена фотографија од него во собата откако бил тестиран, а потоа седи во амбулантно возило, што го одвело на посигурен ПЦР тест.

Седеше нормално, со хируршка маска на лицето. Еве ме, штотуку пристигнав во Милано и сум позитивен по втор пат за еден месец“, се вели во соопштението на Адамс и им се заблагодари на навивачите за поддршката.

Адамс, кој исто така е фотограф, го сними календарот на Пирели за 2022 година, откако првично беше ангажиран да ја снима верзијата од 2021 година, која беше откажана поради пандемијата.

Се очекуваше тој да се појави на медиумските настани за промовирање на календарот во недела и понеделник, но тоа сега е неизвесно.