Наместо во карго аеродром Владата бара ТАВ да инвестира 50 милиони евра во инфраструктура

83

Владата го доставила Предлог-нацрт договорот до ТАВ, според кој, наместо за изградба на Карго аеродром меѓу Свети Николе и Штип, средствата од околу 49 милиони евра ќе треба да се искористат за изградба на нови водоводи, канализации, градинки и
училишта низ општините во земјава.

Како што изјави денеска министерот за транспорт и врски, Горан
Сугарески, одговорот од ТАВ се очекува во најбрз можен рок.

-Ние очекуваме нивни одговор се работи з асума од околу 50 милиони евра или над 49.700.000 евра и врз база на нивниот одговор што ќе го добиеме, бидејќи нашето барање е тие да бидат слеани во буџетот и понатаму да се градат секаде инфраструктурни проекти низ државата. Очекуваме во најбрз временски период, тоа да биде решено со ТАВ, истакна Сугарески.

Тој посочи дека Предлог-нацрт договорот до ТАВ е доставен пред
повеќе од еден месец. Од овие средства Општина Свети Николе очекува околу 800.000 евра за инфраструктурни проекти, додека Штип над еден милион евра за изградба на водоводна линија два, која ќе значи развој на бањскиот туризам од Кежовица, како и стабилно водоснабдување за неколку штипски населби и индустриски зони.