Наместив натпревар на СП за кадети во Скопје и ќарив 13.000 евра

258

Кралот на местенките, контроверзниот Велибор Џаровски – Џаро, во интервју за српскиот таблоид „Ало.рс“, откри дека никогаш нема да престане со местењето на спортските натпревари, бидејќи тоа е дел од неговиот живот. Тој со местенки е активен и ден денеска, а за тоа говори и неговото признание дека заработил 13.000 евра на наместен меч од Светското првенство за кадети кое неодамна се одржа во Скопје.

Местам, што ви е чудно тоа? Тоа е мојот живот, мојата страст, мојата професија… Некогаш заработував многу, сега помалку. Пред две недели во обложувалница заработив 13.000 евра. Не ми дозволија повисока уплата, поради тоа што се работеше за ракометен натпревар од У19 Светско првенство во Скопје

-Местам, што ви е чудно тоа? Тоа е мојот живот, мојата страст, мојата професија… Некогаш заработував многу, сега помалку. Пред две недели во обложувалница заработив 13.000 евра. Не ми дозволија повисока уплата, поради тоа што се работеше за ракометен натпревар од У19 Светско првенство во Скопје. Секогаш е најлесно да се договори натпревар во спорт кој не привлекува толку внимание. Медиумите не креваат прашина кога ќе се случат изненадувања , откри Џаро и додаде:

Знаете, после тенисот, каде е најлесно да наместите натпревар, бидејќи ви е потребен само еден соработник, еден ифрач, лесно е да договрите меч и во кошарка, каде обично се игра на помал број на кошеви во однос на границата која што ќе ја постават обложувалниците. Потоа следи ракометот, секогаш е полесно да се направи договор на натпреварите кој не се во центарот на вниманието, каде имедиумите не креваат многу прачина кога ќе се случат изненадувања, заврши популарниот Џаро.

Џаровски го сметаат за „крал“ на наместените натпревари и криминалот во музичката естрада на балканските простори.