Дефанзивецот на Интер Аљес, Хашмин Муса, призна дека намерно постигнал два автогола. Тој на саботниот дуел против Ашанти Голд, во рамки на 34. коло од шампионатот на Гана, постигна два автогола во последните 12 минути.

Имено, неговиот тим губеше со 5:0, а по неговото влегување постигна два автогола, само за да спречи „однапред договорен резултат поради обложувалниците, а тоа бил 5:1.

  • Му ветив на тренерот дека ќе го расипам планот на обложувалниците ако ме пушти да влезам од клупата. По натпреварот, тимот ми честиташе за тоа, истакна Муса.
  • Слушнав во нашиот хотел дека е направен облог за точен резултат од 5:1 против мојот клуб. Одлучив да ги помешам нивните сметки затоа што не одобрувам обложувалници, додаде Муса.

Фудбалскиот сојуз на Гана го истражува целиот случај, а Муса стана херој на нацијата, иако очигледно има луѓе кои го проколнуваат за она што го стори.