Еден од принципите на алкална диета со која се намалува киселоста во организмот вели дека ако сме гладни, треба да се напиеме малку чај од зеленчук.

Кога подготовката на овој чај ќе ви стане навика, менувајте ги зачините и билките што ги додавате за да го промените вкусот, а покрај тоа можете да му ги додадете остатоци те од зеленчук од други рецепти.

Состојки за подготвка на чајот:

  • 2 литри вода
  • 3 мормкови
  • 1 пашканат
  • 4 стебленца целер
  • 2 кромида
  • 1 праз
  • 2 компира
  • 3 чешниња лук
  • неколку зрна бибер
  • 1 ловоров лист
  • магдонос (мала китка)
  • морска сол
  • малку маслиново масло

Подготовка:

Додека го подготвувате зеленчукот, ставете ја водата да зоврие. Излупете ги морковите, насецкајте го целерот, а кромидот и компирите откако ќе ги исчистите насецкајте ги на четвртинки.

Исчистете го празот и него насецкајте го покрупно. Кога водата ќе зоврие додадете го зеленчукот и лукот, биберот и ловоровиот лист. Листовите магдонос насецкајте ги ситно, а стебленцата можете да ги додадете во водата со зеленчукот.

Затворете го тенџерето, па варете на тивко половина час. Потоа исцедете ја течноста и сочувајте ја. Кога ќе сакате да се напиете, ставете во чаша и додадете малку сол, а по вкус може да додадете и неколку капки маслиново масло.