Намалено руското производство на природен гас, производството на нафта зголемено

48

Руското производство на природен гас од јануари до август е намалено за 10,4 отсто во однос на истиот период лани, додека производството на нафта е зголемено за 3,1 отсто, јави Анадолија.

Федералното биро за статистика на Русија (Росстат) објави дека производството на природен гас во првите осум месеци од оваа година паднало за 10,4 отсто, односно на 389 милијарди кубни метри.

Во наведениот период, руското производство на течен природен гас (ЛНГ) е зголемено за 13,5 отсто, на 21,6 милиони тони, додека производството на нафта е зголемено за 3,1 отсто, на 354 милиони тони.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец објави дека и покрај санкциите, има зголемување на приходите од нафта и природен гас.