Оливера Наковска Бикова ќе биде нашата единствена претставничка на Параолимписките игри во Токио. Таа ќе се натпреварува во три дисциплини, П2-воздушен пиштол жени 10 метри (на 31. август), во П3-спорт пиштол 25 метри (2. септември), и во П4-пиштол слободен избор 50 метри (5. септември).

-Послената фаза од подготовките ја напраивме на стрелистето во Охрид. Сега ни останува сработеното и договореното да го повториме во Токио. Како и секогаш, максимално сум подготвена достојно да ги бранам боите на Македонија. По речиси две години апстиненција од врвни спортски натпревари, време е да се впуштиме во борба со конкурентите, со надеж дека и спортската среќа ќе ни биде наклонета, истакна Накова-Биковска пред заминувањето за Токио.

Ова се петти параолимписки игри за македонската стрелачка која во дисциплината воздушен пиштол во 2012 година на Македонија и донесе злато.

Параолимписките игри во Токио стартуваат денеска и ќе траат до 5. септември.

Претходно на Олимписките игри, Македонија имаше осуммина претставници од кои само еден успеа да освои медал. Со медал од Токио се врати таеквондистот Дејан Георгиевски, кој освои сребрен медал во категорија над 80 килограми.