Над 70 сантиметри повисок водостојот на Црн Дрим

31

За 73 сантиметри денеска е зголемен водостојот на Црн Дрим во однос на вчерашниот ден, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Според објавените податоци, со денешните 149 сантиметри, достигнат е и просекот за мај на Црн Дрим.

Кај останатите реки, нема поголеми отстапувања во однос на вчерашниот ден. Слична е ситуацијата и кај трите природни езера во земјава.