Над 600 учесници дел од фестивалот „Кога си во Крушево“

49

Викендов во Крушево се одржува 6-ти по ред фестивал „Кога си во Крушево“ (When In Krushevo). Преку 600 учесници се вклучени во бројните активности и алтернативни спортови – планинарење, кајакарење, трчање, летање со параглајдер, јога, јавање на коњи.

Како што објаснува Димитар Ангелковски, организатор на Фестивалот, по двегодишните пандемиски ограничувања, Фестивалот е најпосетен. Се постигнува целта за рекреација и поздрав живот и за развој на туризмот. Догодина сакаат да вклучат и странски учесници.

-Годинава имаме најголема посетеност. Имаме над 600 пријавени учесници и купени билети, вклучувајќи ја и трката, така што годинава очекуваме да помине во најдобар ред. Првата вечер помина со доста посетители.  Вчера имавме планинарење, кајакарење, летање со параглајдер, јавање на коњи, јога, вечерни забави. Денеска имаме тестирање на локалната храна, детски игри, а ќе се повторат и дел од другите активности. Идејата за „When In Krushevo“ е секако, промовирање на крушевските убавини, знаменитостите и културата, дружењето и да се биде во убавата природа. За сите учесници имаме и бесплатна посета на музеите: во спомен куќата на Тоше Проески, во Македониумот и во Галеријата Никола Мартиноски. Првичната цел беше секоја година да растеме, тоа е постигнато, а во иднина интенција е да имаме и странски посетители, објаснува Ангелковски.

Вчера се одржа трката на 5 километри која се одржува веќе втора година. Се одвиваше низ крушевските улици, околу езерото и до куќата на Тоше Проески. Никола Кискоски, директор на трката „Крушево ран“ вели дека целта е луѓето да се среќни.

-Трката од 5 километри се организира втора година.Лани, поради пандемијата беше ограничено на 50 учесници, сега имаме повеќе од 100 учесници. Догодина трката може да биде и 10 километри. Покрај сите негативности, пандемијата направи една позитивна работа – сѐ повеќе луѓе трчаат, рекреираат, и нашата цел е да има среќни луѓе, младите да се занимаваат со рекреација, вели Кискоски.

Учесниците се задоволни, дел се првпат на Фестивалот, а Крушево нуди неограничена рекреација и развој на туризмот.

Фестивалот е своевидна најава за меѓународните првенства во параглајдерство и подготовките за светскиот куп во змејарство