Над 600 тезги закупени за традиционалниот панаѓур во Кавадарци

173

Над 600 тезги се закупени за традиционалниот кавадаречки панаѓур, кој ќе се одржи на 11, 12 и 13 октомври. Од локалната самоуправа информираа дека меѓу закупувачите има производители на различни видови производи, но и трговци кои тргуваат со одредена трговска стока.

-Традиционално, на панаѓурот, како стопанска и културно-туристичка манифестација се продаваат казани за печење ракија и други садови и алатки за лозаро-винарството по кое е познат нашиот крај. Но, заинтересираните можат да си купат и текстил, обувки, предмети за домаќинството, железарија и што ли уште не – додадоа од општината.

Во минатото Кавадарци имаше два панаѓура. Есенски и пролетен. Пролетниот беше укинат по незадоволството на производствените и трговските дуќани, кои реагираа за нелојална конкуренција.