Над 52 отсто од младите во земјите од регионот сакаат да се иселат

50

Невработеноста, иселувањето и ограничените можности, се главните проблеми со кои секојдневно се соочуваат младите во Албанија и земјите во регионот, оценето е на регионалниот министерски состанок за млади и образование, што се одржа во Тирана, со учество на ресорни министри и претставници од Западен Балкан и Италија.

На состанокот, кој се одржа на националниот ден на младите на Албанија, 8 декември, речено е дека списокот на празнини започнува од невработеноста која потоа влијае на нивното иселување.

-Еден од главните предизвици со кои се соочуваат младите денес е невработеноста, која како голема последица ја носи емиграцијата. Ни недостига интегритет во институциите на земјата и немаме соодветна демократија. Ова, верувам, се главните последици и главните проблеми кои се соочуваат млади луѓе, посочено е на средбата.

Секретарот на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) Алберт Хани, смета дека емиграцијата на младите е регионален проблем.

-Над 52 отсто од младите сакаат да се иселат од регионот на Западен Балкан. Ова е алармантна бројка, но и нов предизвик за актерите кои се нафатија да го трансформираат патот на младите, рече тој, пренесува Ора њуз.

Тој одговори и на прашањето дали „Отворен Балкан“ е добра можност да им се понуди повеќе на младите.

-Мора да се поддржат сите иницијативи кои ги обединуваат соништата на младите, додаде Хани.

Собирот го организира Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и ресорните албански министерства.