Над 500 домашни и странски тркачи ќе учествуваат утре во трката Водно – Матка Треилс

804

Над 500 тркачи, меѓу кои домашни и од повеќе земји од Европа ќе учествуваат на трката во планинско трчање Водно-Матка Треилс што ќе се одржи утре на падините на планината Водно и во кањонот Матка.

 

На трката ќе учествуваат тркачи од Србија, Грција, Бугарија, Косово, Албанија, но и од Велика Британија, Полска, Турција, Унгарија, Германија, Холандија, Шведска, Шпанија, Словенија и други.

Трката во планинско трчање Водно-Матка Треилс е составена од три трки, Водно – Матка со должина од 40 километри, Водно Треил со должина од 27 километри и Водно ИзиРан – трка долга 10 километри.

Водно-Матка Треилс е во организација на Здружението за планинско трчање „ТРЕКС“ од Скопје и се организира пета година по ред. Оваа година, покровител на настанот е Град Скопје, а генерален спонзор е Халкбанк АД Скопје