Над 4,5 милиони луѓе во светот се заразени со Ковид-19, повеќе од 300 илјади починаа

35

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.584.012 лица. Од нив починале 305.786, а оздравеле 1.735.836 луѓе.

– Руски лекари соопштија дека лекуваат жена која веројатно се заразила по вторпат со новиот коронавирус откако претходно се излекувала. Жената била пуштена од болница во градот Улан-Уде во Сибир каде била лекувана од Ковид-19 и имала негативен резултат на тест за новиот коронавирус во почетокот на април. Две недели подоцна одново и се појавиле проблеми со дишењето и по анализи било откриено дека таа одново е заразена со новиот коронавирус. Таа оново е во болница.

– Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Велика Британија се зголеми за 384 на вкупно 33.998, соопшти денеска британското Министерство за здравство. Ова е мало намалување во однос на вчерашниот број – 428. Во исто време, бројот на заразени со вирусот се зголеми до 8 часот утрото за 3.560 на вкупно 236.711. Велика Британија е на второ место по бројот на смртни случаи од коронавирусот – само САД имаат повеќе смртни случаи.

– Ирска ќе започне со ублажување на своите рестриктивни мерки в понеделник. Според новите упатства, граѓаните ќе можат да се дружат со пријатели или семејството на отворено во група од не повеќе од шест лица. Жителите на Ирска треба да носат заштитни маски за лице кога користат услуги за јавен превоз или кога престојуваат на затворени јавни места, како што се продавници.

– Точно еден месец во Кина нема пријавено смртен случај од новиот коронавирус и регистрира под 100 хоспитализирани. Национална здравствена комисија објави денеска за четири нови случаи на коронавирус, сите локално, на североисток во провинција каде неодамна беше откриен кластер со непознато потекло. Последниот ден кога комисијата има регистрирано смрт од Ковид-19 беше на 14 април.

– Норвешка, најверојатно, ќе ги задржи ограничувањата за патувања до 20 август, изјави денеска премиерката Ерна Солберг. Норвешките ограничувања за патувања вклучуваат официјални препораки да не патуваат во странство освен ако е апсолутно неопходно, 10-дневен карантин за оние кои доаѓаат од странство и забрана за влез во земјата за оние кои не се норвешки државјани или немаат дозвола за престој или работа во таа држава.

– Од денеска во Шпанија важи карантин за сите патници кои доаѓаат од странство, додека се воведени нови ограничувања за меѓународен сообраќај со цел да се спречи ширењето на вирусот. Почнувајќи од денеска луѓето кои доаѓаат во Шпанија од странство, ќе бидат должни да поминат две недели во самоизолација дома. Покрај тоа, властите ги проширија постојните ограничувања за влез во Шпанија до 15 јуни и го ограничија пристапот до пет аеродроми и осум пристаништа.

– Тинејџерите во Турција ги напуштија своите домови за првпат по 42 дена од воведувањето рестриктивни мерки во таа земја. За луѓе над 65 години и помлади од 20 години, полицискиот час важеше изминатите неколку недели

-Во изминатите 24 часа во Грција починаа четири лица од Ковид-19, вкупно 160 од почетокот на епидемијата.Регистрирани се 40 нови позитивни случаи, од кои 35 се во ромска населба во грчкиот град Лариса, со што бројот на заразени се зголеми на 2.810 лица.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти три нови случаи на Ковид-19 од 1.794 направени тестови. Вкупниот број заразени со новиот коронавирус се зголеми на 910 лица

-Во Албанија во последното деноноќие регистрирани се нови 18 случаи со Ковид-19,
идентична бројка како и вчера. -Со 219 тестови направени во изминатото деноноќие досега во земјата направени се околу 11.988 тестови,при што позитивен резултат е добиен кај 916 лица.  Од вкупниот број 705 лица се излекувани, додека за жал 31 лице не успеа да ја добие битката со опасниот вирус, информираше
Силва Бино од Институтот за јавно здравје. Според неа активни на болеста се 180 лица но повеќето се со лесна форма и се лекуваат во домашни услови, додека  21
од нив е хопситализиран, од нив тројца на интензивна терапија.

– Србија – Во изминатите 24 часа почина едно лице или вкупно има 225 починати. Од 5873 тестирани, нови случаи има 64 или вкупно во Србија има 10.438 лучаи на коронавирус.

Извор: МИА